Производи кои би ги направиле жените среќни, а се уште никој ги нема измислено!

Козметичката индустрија секојденвно напредува и секогаш носи нешто ново и „револуционерно“. Но, за жал ова се уште никој не го измислил.Ќе се согласите ли дека животот на жените би бил полесен доколку би постоеле следниве производи?
1. Водоотпорна маскара кој лесно може да се отстрани од очите – Иако жените ја обожаваат водоотпорната маскара, особено во летниот период кога нив им е најпотребна, сепак нејзиното отстранување од лицето претставува вистински кошмар. Затоа, доколку се измисли полесен начин за надминување на овој проблем жените би ви биле благодарни.
2. Крема против брчки која е хранлива, но не ја мрси кожата – Многу од кремите кои се борат против староста на кожата се многу мрсни, а тоа верувајте дека  воопшто не им се допаѓа на жените бидејќи бавно се впиваат во кожата.
3. Камена пудра која навистина го матира лицето, а сепак не го прави како варосано – Ниту една жена не сака лицето да и „свети“ после нанесената пудра, но исто така жените не сакаат камени пудри кои ги прават нивните лица камени и вештачки. Затоа, треба да се измисли златна средина за да се реши овој проблем.
4. Сјај за уста кој навистина ги прави усните пополни, но сепак не предизвикува пецкање или затегнување – Повеќето од жените не се задоволни од изгледот на нивните усни, па затоа користат сјај за усни кои ги прават нивните усни пополни. Но, овие сјаеви често пецкаат и не се најдобриот избор за жените кои секогаш и во сé сакаат удобност и пријатност. Доколку е можно да се добијат полни усни, без чувството на пецкање, тоа би било одлична комбинација.
5. Мат кармин кој не ги суши усните – Мат кармините се омилени на жените. Изгледаат одлично и подолго траат. Но, има еден проблем, ги сушат усните. Така, усните изгледаат неуредно и запоставено и не е пријатно некој да ве види во такво издание. Затоа мат кармин што не ги суши усните би бил одличен погодок.
Ова се само некои од примерите, списокот е подолг. Жените со нетрпение чекаат дел од посакуваните производи да се најдат во нивните чанти.
M.M.Ќе се согласите ли дека животот на жените би бил полесен доколку би постоеле следниве производи?

Пронајдете не на следниве мрежи: