Сите производи на Пекабеско се исправни, а Министерството за земјоделство на Република Српска ја стави надвор од сила забраната за промет на нашиот најголем производител на сувомесни производиМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска соопшти дека ја става надвор од сила забраната за промет на сите производи на Пекабеско.
По добивањето на резултатите за исправност на сите производи на Пекабеско од страна на Ветеринарниот институт „Др. Васо Бутозан“ наредбата е дадена на објавување во тамошниот Службен весник.
Претходно, увозникот на Пекабеско за Босна и Херцеговина, Лебуриќ комерц соопшти дека сите производи на Пекабеско кои се увезени во БиХ се потполно исправни и ги задоволуваат сите пропишани стандарди за квалитет и безбедност на храна. Дури и дополнителните анализи кои беа напавени на 80 Пекабеско производи од страна на Ветеринарниот институт „Др. Васо Бутозан“ покажаа дека ниту еден производ не содржи поголемо количество фосфати од пропишаното.
Од Пекабеско велат дека ваквата одлука на Министерството за земјоделство на Република Српска била очекувана бидејќи сите нивни производи редовно се подложни на микробиолошки и физичко – хемиски анализи кои се потврдени од страна на надлежните државни органи на Република Македонија.
„И вонредната контрола што месецов ја изврши македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) по однос на додадените фосфати уште еднаш потврди дека производите на Пекабеско се безбедни, односно дека нема додадени фосфати над дозволените граници пропишани со домашниот и правилниците на земјите од регионот, како и европските директивите за додадени фосфати. Исто така и по однос на микробилошките анализи, никогаш не било утврдено присуство на недозволени бактерии во производите на Пекабеско“, велат од компанијата.
„Сакаме да изразиме посебна благодарност до сите потрошувачи кои во изминатите две децении ја даваат својата доверба купувајќи ги производите на Пекабеско, што резултира со наше континуирано инвестирање во нови производствени погони, развивање на нови производи и вработување на повеќе од 400 лица“, изјави Првиот извршен директор на Пекабеско, Слободан Кутревски.
Нашиот најголем производител во сувомесната индустрија во текот на 2014 година само во Босна и Херцеговина оствари извоз во висина од 3,5 милиони Евра.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска соопшти дека ја става надвор од сила забраната за промет на сите про