Кога Google се согласи да го продаде делот од Motorola задолжен за мобилни уреди, ова не се однесуваше на ATAP тимот (Advanced Technologies and Projects), кои се одговорни за модуларниот телефон Project Ara, како и таблетот Project Tango…Овој таблет има неколку уникатни карактеристики. Пред се, на задната страна имате две камери кои може да креираат 3D модел од вашето окружување. Оваа функција е слична на она што го добивате со Google Street View.
Оваа недела, првата верзија на Project Tango стана достапна за купување на Play Store. Мора да ви напоменеме дека станува збор за developer kit, а не за краен производ наменет за потрошувачите.
Таблетот е опремен со 7 инчен IPS екран со резолуција од 1900 x 1200 пиксели (густина на пиксели од 323ppi) и Gorilla Glass 3. Под „хаубата“ се наоѓа 64-битен Nvidia Tegra K1 quad-core чипсет, кој работи на 2,3GHz и е надополнет со Kepler графички процесор со 192 CUDA јадра.
Работите стануваат поинтересни на задната страна. Првата камера има резолуција од 4MP и вграден инфра-ред сензор, додека пак постои и втора, motion tracking камера со вграден 3D depth сензор. Овие камери ќе ви помогнат во создавањето на 3D модел од вашата околина.
Таблетот е дополнет со огромна батерија од 4,960 милиампер часови, како и двојни стерео звучници. Единствената негативност засега е што работи на Android 4.4.2, наместо Android 5.0.
Цената на овој уред е 1,000 долари, така што размислете двапати пред да го нарачате!
Овој таблет има неколку уникатни карактеристики. Пред се, на задната страна имате две камери кои може да креираат 3D модел од вашето окружување. Ов