Проклета лото добивка: Од многуте милиони му останале само долгови

На среќникот од Хрватска, кој минатиот петок доби над една милијарда денари, му советуваме да внимава да не заврши без пари, семејство и без старите пријатели. Многумина бргу останале без сето тоа…Франо Селак од Петрње пред неколку години на лотарија добил повеќе од 7 милиони хрватски куни. Сеќавајќи се на денот кога биле извлечени неговите броеви вели:
„Како што ги заокружував еден по друг број во низа, со секој нареден ме обземаше се поголема горчина“.
Откако парите му стигнале на сметка, Франо прво купил автомобил, а потоа викендица, едрилица… На пријателите им давал пари, купувал стока и им позајмувал евра, а им давал и на оние кои не барале. По некое време, кога износот на сметката се стопил, останал без половина пријатели.
Добитникот на 132 милиони хрватски куни од петокот, кој сеуште не се јавил, му советуваме да учи од неговите грешки.
„Ако станува збор за некој младич, нека патува по светот. Остатокот нека го урочи и со тоа нека живее кога ќе остаре“ – вели Франо.
Имала само 16 години кога освоила милиони
Вртоглавите износи на добивка на лотарија, на многумина не им донеле среќа. Всушност, подобро би им било да не го уплателе ливчето.
Кали Роџерс од Велика Британија имала само 16 години кога освоила 1,9 милиони фунти. Парите ги трошела на скапоцена облека, луксузни забави, естетски операции… Сето тоа го зачинила со големи количини на кокаин и алкохол. Во меѓувреме два пати родила, а и требало само шест години сите пари да ги потроши. Денес работи како чистачка.
Братот добитник изнајмил платен убиец
Годините и сериозноста во ваквите ситуации не играат голема улога. Американецот Вилијам Буд Пост имал 48 години кога освоил 16,2 милиони долари. Поранешната сопруга веднаш го тужела и побарала дел од парите, а брат му најмил платен убиец да го докрајчи. Поради погрешни совети од остатокот од роднините, лошо ги инвестирал парите и на крај умрел во долгови.
Еден германски пар за својата добивка пишуваат книга
Германскиот пар Буберт во 1993 година освоил милиони германски марки. Парите ги потрошиле на луксуз и сега се во долгови, па за сето тоа пишуваат книга. Франо Селак од Петрње пред неколку години на лотарија добил повеќе од 7 милиони хрватски куни. Сеќавајќи се на денот кога биле изв

Пронајдете не на следниве мрежи: