Се прашувам кое ли проклетсво ке беше фрлено врз Македонскиот народ???Многу сум лута и револтирана од тешката изјава на Трифун Костоски. Ние Егејеците што ли сме?
Македонци сме или што? Прашањето е до Трифун и неговите истомисленици.
Во 1948 тата година е направен најголемиот геноцид врз Македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија.Насилно беа прогонети македонските деца со една цел-никогаш повеке да не се врата назад. Како што и никогаш не се вратија…Ех,нивната голгота беше долга и тешка. Голи ,боси ,гладни,со плач и лелек ги напуштаа своите родни огништа…Во таа кобна за нив 48 тата за последен пат ги видоа своите мајки и татковци…Каква болка…Не се опишува со зборови…Растеа по туги домови во туги држави.Но никогаш не заборавија од каде дојдоа и каде припагаат.Од тие деца израснаа мажи и жени горди храбри понесени од една љубов…љубовта кон Македонија и Македонскиот јазик.Таа љубов ги донесе овде во Репубика Македонија. Кога доагаа ја бакнуваа земјата Македонска,пресрекни што се тука мегу своите.Им немаше крај на нивната срека и радост. Иако често беа навредувани од одредени особи ,но сето тоа го надминаа,за да гордо чекорат на ова Македонско тло.
За жал еве сведоци сме и денес на навреди од одредени личности како Трифун Костоски.Но сите тие навреди се заради некои негови лични интереси…На ваков начин не се доага на власт…со врегање и плукање по Македонците кои си ја сакаат и кои ја штитат Македонија.
Не треба да се прават поделби мегу Македонците на Егејци Вардарци Пиринци.
Едно да ви е јасно,ние Егејците немаме друга татковина ,нашата татковина е Р.Македонија.
Ние не сакаме да се повтори 48 тата, никогаш повеке. Ние сме горди Македонци и секако загрижени сме за ситуацијата во Р.Македонија.Да,точно е, се бориме и ке се бориме против злото кое вие и го наметнувата на Македонија.Трифуне зарем ти си поголем Македонец од нас кои потекнуваме од Егејскиот дел на Македонија? Не си и никогаш и нема да бидеш.Со овие навреди самиот се идентификуваш како антимакедонец и предавник.Ти не си достоен да газиш на ова наше Македонско тло. Мизерија…Зарем си поголем Македонец од Гоце Делчев ? Па нели и Гоце Делчев е од Егејска Македонија…
Што и да кажеш не можеш да ни ја одземеш Македонштината.
Ние Македонците од Егејскиот дел на Македонија сме за унитарна Македонија,против Тиранската платформа,против промена на име,против промена на нашето Македонско знаме ,грб химна.
Гордо и достоинсвено ке застаниме на браникот на државата.
ЕДНО ЗАПАМЕТЕТЕ БИЛО ДА СМЕ ВАРДАРЦИ,ЕГЕЈЦИ,ПИРИНЦИ-СИТЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ.Многу сум лута и револтирана од тешката изјава на Трифун Костоски. Ние Егеје