Променете го вашиот живот за 2 недели! – I дел

Дали некогаш сте забележале дека вашите диети не траат долго и дека брзо се враќате на стариот денови? Тоа е затоа што ние сме суштества со навики, а со цел да се видат долготрајни позитивни промени во нашите животи, треба постепено да работиме на подобрување на навиките. Постигнување на поздрав и посреќен живот не е тешка работа. Само одете ден по ден и постепено стекнете нова навика. Во продолжение ви го претставуваме првиот дел од активностите кои за само две недели ќе го трансформираат вашиот живот!Некои од активнстите се лесни, а други може да ви бидат предизвик и тоа е во ред. Следните две недели се за вас.
1 ден: Пијте повеќе вода
Нашите тела имаат потреба од вода за да работата правилно и затоа што водата не ја складира , треба да ја пиеме секој ден. Просечниот возрасен човек треба да пие најмалку 2 литри вода секој ден(8 чаши по 8 мл на секои 24 часа). Треба само да го слушате вашето тело и да пиете соодветно.
2 ден: Преиспитајте се што пиете
Следниот пат кога ќе се напиете нешто, запрашајте се дали ова е добро за мене? Слатките пијалоци се богати со килоџули, без други есенцијални хранливи материи и нивно редовно конзумирање може да доведе до зголемена телесна тежина, намалена коскена сила и расипување на забите. Наместо нив пијте вода или зелен чај. Зелениот чај помага од срцеви болести, додека кафето (не повеќе од 4 на ден) може да ве заштити од дијабетисот тип 2.
3-ти ден: Внимателно гледајте што јадете
Време е да престанете со брзата храна, јадејќи во автомобилот, додека гледате телевизија, без да внимавате што конзумирате. Запрашајте се самите дали оваа храна ќе му ги даде на вашето тело потребните хранлии материи? Исто така почнете со вежбање на следново: јадете само кога сте гладни, престанаете да јадете кога сте сити и забавете малку. Варењето започнува во вашата уста, колку повеќе џвакате толку поблагодарен и посреќен ќе биде вашиот стомак.

4-ти ден: Наспијте се доволно
Истражувањето сугерира дека идеалното количество на сон може да бде седум часа дневно иако на некои луѓе можеби им е потребно повеќе. Повторно значи, потребно е да го слушате вашето тело и да се наспиете онолку колку што мислите дека ќе ви овозможи убаво да се чувствувате.
5-ти ден: Престанете со купување брза храна
Прлично е тешко да одолеете на искушението на вашата омилена брза храна: „Еден мал залак нема да наштети“ и следно што гледате дека сте изеле цело чоколадо, цела кесичка чипс или половина кутија сладолед. Затоа престанете со купувањето на ваквата храна. Ослободете се од се што содржи премногу шеќер, маснотии и сол.
6- ти ден: Производи со ниска масленост
7- ми ден: Практикувајте малку самољубие
Сте стигнале до седмиот ден! Тоа бара големи пофалби и самољубие. Менувањето на нашите стари навики е тешко и ако сте го следеле горенаведеното, се надевам дека сте извршиле голема работа. Затоа денес одморете малку. Направете нешто што ве прави среќни и/или практикувајте дел од овие техники за самољубие. Гордеете се со себе за тоа што го постигнавте досега! На половина пат сте.  
Во утрешниот втор дел ви ги претставуваме преостанатите 7 дневни активности кои ќе ви го променат животот: Променете го вашиот живот за 2 недели! – II дел. Некои од активнстите се лесни, а други може да ви бидат предизвик и тоа е во ред. Следните две недели се за вас.
1 ден: Пи

Пронајдете не на следниве мрежи: