Променете го вашиот живот за 2 недели! – II дел

Дали некогаш сте забележале дека вашите диети не траат долго и дека брзо се враќате на стариот денови? Тоа е затоа што ние сме суштества со навики, а со цел да се видат долготрајни позитивни промени во нашите животи, треба да постепено да работиме на подобрување на навиките. Постигнување на поздрав и посреќен живот не е тешка работа. Само одете ден по ден и постепено стекнете нова навика. Во вчерашниот прв дел ви ги претставивме активностите кои за само 2 недели целосно ќе го променат вашиот живот : Променете го вашиот живот за 2 недели! – I дел. Денес ви ги претставуваме преостанатите 7 дневни активности кои ќе ви го трансформираат животот. 8 ден: Намалете ја вашата шеќерна доза
Знаеме дека ова е голем предизвик за многумина од вас, но само ви укажувам секојдневно да ја намалувате количината на внесување на шеќер. Според мене, премногу од се, е лошо за вашето здравје. Се е во умереноста.
9-ти ден: Додате повеќе овошје и зеленчук во вашата диета
10-ти ден : Наутро пробајте да внесувате протеини
Обидете се да внесувате повеќе протеини (јајца, јогурт со ниска масленост, овошје, овес, месо) и видите како ќе се чувствувате после. Следниот ден споредете го ова чувство со вашиот вообичаен појадок.
11-ти ден: Сменете ја вашата четкичка за заби
Се препорачува промена на вашата четкичка за заби на секои 3 до 4 месеци. Таа е полна со бактерии од вашата уста и од околината во којаја чувате.

12-ти ден: Вежбајте во текот на денот
Еве неколку идеи за тоа како да ја искористите прилката да повежбате во текот на денот:
-Секогаш чекорете по скали
-Направете 20 вежби за стомачните мускули откако ќе излезете од бањата
– Искористете ја паузата за прошетка надвор
– Паркирајте го автомобилот малку подалеку од работното месото, за да пешачите малку
-Навечер пред да седнете на креветот, направете по 25 стомачни вежби и 25 склекови.
13-ти ден: Подгответе си оброк
Подготовката на здрав оброк е најдобриот начин да се придржите до вашата здрава исхрана. Би можеле да си подготвите некои салати, зеленчук, овошна салата, варени јајца, здрави оброци кои ќе ги јадете оваа недела или ставете ги во фрижидер. Ова нека ви стане навика и сигурен сум дека ќе ја видите разликата во вашите навики во исхраната.
14-ти ден: Најдете една работа поради која ќе бидете благодарни секој ден
Среќните луѓе избираат да бидат среќни, избираат да го погледнат доброто во секоја ситуација и избираат среќата да биде приоритет во нивниот живот. Значи од сега натаму, сакам да најдете барем една работа поради која ќе бидете среќни и благодарни.
 8 ден: Намалете ја вашата шеќерна доза
Знаеме дека ова е голем предизвик за многумина од вас, но само ви укажувам секојдне

Пронајдете не на следниве мрежи: