Индексот S&P 500 зајакна во понеделникот на Волстрит благо падна, по осумдневниот непрекинат раст, додека индексот Nasdaq зајакна благодарение на закрепнувањето на акцијата на Apple.
Dow Jones ослабна за 0,10 отсто, на 13.881 поени, индексот S&P 500 се намали за 0,18 отсто, на 1.500 поени, додека Nasdaq пак, зајакна за 0,15 отсто, на 3.154 индексни поени.
По осум дена непрекинат раст, што претставува негова најдолга позитивна низа за осум години, S&P 500 вчера благо падна, бидејќи инвеститорите се внимателни, со оглед дека макроекономските податоци, кои во минатата недели ги поттикнуваа берзите, вчера беа нејасни. Нарачката за трајни производи во САД порасна во декември за 4,6 отсто, значително повеќе од проценетото, но продажбата на постоечки куќи паднала за остри 4,3 отсто, додека аналитичарите очекуваа благ раст. Ниту кварталните деловни резултати на компаниите, вчера не беа сјајни. Caterpillar извести за пад на добивката во четвртото тромесечје за 55 отсто, поради трошоците за книговодствени неправилности до кинеската подружница на компанијата. Според податоците на Thomson Reuters, од 150 компании од составот на S&P 500 индексот, кои досега ги објавија деловните податоци 67,3 отсто ги надминале очекувањата на аналитичарите, кои, треба да се напомене, беа многу ниски. И додека S&P 500 и Dow Jones вчера ослабна, индексот Nasdaq зајакна благодарение на растот на акцијата на Apple за 2,4 отсто. Откако во претходните два работни дена, акцијата на производителот на iPhone и на Ipad поевтини за 14 отсто, со вчерашниот раст Apple се врати на врвот на најголема американска компанија по пазарна капитализација, пред нафтениот гигант Exnon.
МакфаксИндексот S&P 500 зајакна во понеделникот на Волст