Еврото во средата зајакна во однос на јапонскиот јен на меѓународните девизни пазари во променливото тргување по соопштението на Г7 за валутните курсеви, чија цел беше да ги стивне нагаѓањата за војната на валутите, но постигна сосема спротивен ефект, поттикнувајќи нова загриженост.Единствената европска валута зајакна во однос на јапонскиот јен за о,5 отсто, 126,35 јапонскиот јен, додека во однос на американскиот долар остана речиси непроменета и со неа се тргуваше за 1,3445 долари. Доларот, пак, во однос на јенот ослаби за 0,65 отсто, на 92,85 јени.Од групата на седумте најразвиени земји во светот Г7, САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада, претходно во вторникот го повторија ставот дека курсевите на валутите треба да ги утврдуваат пазарите, со напомена дека мерките на фискалната и монетарната политика не смеат да бидат насочени кон девалвација на валутите. Пазарите таа изјава ја протолкуваа како заговор за слабеење на јенот што се случува последниот период.Во меѓувреме неименуван функционер на Г7 изјави дека наведеното соопштение имало цел да ја сигнализира загриженоста во врска со претераното јакнење на јенот.„Во светот владее вистинска збунетост поврзана со валутите и не е потребно многу, можеби само еден лош збор, за да дојде до вакви осцилации“, вели за Reuters Петер Диксон, глобален финансиски економист во германската „Commerzbank“.Аналитичарите, исто така, ги загрижува очигледниот недостиг од консензус на ниво на групата Г7 во врска со отстранувањето на ризикот од конкурентски девалвации на валутите, додека државите со експанзивните монетарни политики настојуваат да го поддржат забавениот економски раст.Таа загриженост најдобро ја илустрира отворената критика која гувернерот на британската централна банка „Bank of England“ ја упати на смета на изјавата на анонимниот функционер.„Кога го ставив својот потпис на вчерашното соопштение на Г7, не очекував дека таканаречени функционери ќе одржуваат безразложни брифинзи, обидувајќи се да тврдат дека во соопштението е речено нешто што не е кажано“, изјави гувернерот Мервинг Кинг.Од добрите вести од еврозоната се издвојува податокот за растот на индустриското производство за неочекуваните силни 0,7 отсто во декември, на месечно ниво. На годишно ниво, пак, тоа е намалено за 2,4 отсто.Најголемото внимание на девизните пазари сепак е насочено кон Јапонија, чијашто нова влада се залага за поагресивни мерки на тамошната централна банка за придушување на дефлацијата преку монетарна експанзија. Очекувањата на храбри мерки го урнаа курсот на јенот во однос на доларот за речиси 20 отсто од ноември 2012 година досега. Тоа, пак, од своја страна го предизвика бранот на коментари на функционери во еврозоната во врска со ефектот од таквите мерки врз еврото.Меѓутоа, главоболките не ги предизвикува само јапонскиот јен, туги загрижува и агресивната монетарна експанзија во САД којашто го ослаби доларот, како и минималниот курс на еврото во однос на швајцарскиот франк од кои не се откажува централната банка на Швајцарија.Конфузијата што ја предизвика соопштението на Г7 го зајакна ризикот од можниот обид на функционерите да го искористат претстојниот самит на групата Г20, кој ќе се одржи на 15-ти и 16-ти февруари во руската престолнина Москва, за нови изјави, без разлика дали станува збор за јенот или, пак, за ризиците од пораширена девалвација на валутите.„Веројатно на тој состанок ќе стане збор за темпото на движењето на курсот на јенот. Пазарите тоа сега го очекуваат“, коментираше за Reuters Геоф Кендрик, валутен стратег во банката „ Nomura“.
МакфаксЕврото во средата зајакна во однос на јапонскиот јен на