ПРОМЕТЕЈ

Колумна на Александар Даштевски
 Додека сеуште не започнало лицитирањето, за тоа колку луѓе во автобуси (и тоа без сендвичи за по пат) успеа да донесе кумановскиот градоначалник во Скопје, за да им се придружат на оние во дваесетината  преплатени  Тритерол автобуси со појдовна точка – Струмица, слободно можеме да констатираме дека помпезно најавуваниот протест во кој кумановчани и струмичани доаѓаат по “правдата” доживеја целосно фијаско. Старата проверена психијатриска пракса која  не учи  дека “ Очајните луѓе прават очајни работи” синоќа имаше емпириска манифестација  во централното градско подрачје на македонската престолнина. Ако ги изземеме паничните реакции на она што некогаш беше Тричко и онаа на главниот  подбуцнувач – Геро на фејсбук пропиште над  својата (од никого не  загрозена) безбедност,  може слободно да се констатира дека зад нас е една поприлично здодевна и веќе видена ноќ. Во моментите кога шареноликите ќе се обидат – седумте илјади струмичани и кумановчани да ги претстават како седумдесет илјади, а соросовите медиуми ќе ги превртуваат снимките од “историскиот настан”, нам не ни останува ништо друго освен да се потсетуваме.

Онаа фамозна улица пред Собрание беше полна со сончаници кога “Коалицијата Сонце” предводена од вечниот губитник Рада ги ребреше своите поддржувачи дека “Само што не победиле”. Истата таа улица беше полна со поддржувачи на опозицијата кога Бранко помпезно соопшти дека “На 15 Септември народот (вклучително и тие на улицата пред него) ќе си ја земе судбината во свои раце”. Дури и улицата пред зградата на Владата на Македонија, беше исполнета со оптимисти кога повторно Бранко соопшти: “И да сакам, не може да постигнам !” мислејќи на посети  кај припадничките од понежниот пол на политичките опоненти. Она што е најмал заеднички содржател на ваквите и слични собиранки, без разлика под кое име и мото се одвиваат е ПОРАЗ ! Буквално по сите  наведени настани, во принцип, следуваа избори на кои како непроменлива константа стои пораз, масовен,тежок, болен и разочарувачки. Така ќе биде и овој пат, на наредните избори кога и да се случат.
Безидејноста, апатијата и некреативноста се ужасни параметри со кои најверојатно тешко се живее и уште помалку функционира. Кога бурињата со боја ќе се испразнат а кондомите се потрошат, останува Прометеј. Еден добар дел разочарани протестанти, согласно својата природна потреба, вчеравечер јасно покажа  дека не можe  да се помири  со интервенцијата врз статуата, која непосредно по нејзиното поставување беше “облечена” и изместена од природниот принцип на својата натуралност. Прекрасното Скопје синоќа заличи на Верона. Оние кои веќе биле во Верона, знаат дека една од главните туристички атракции е допирањето на  десната града на статуата на Јулија, што според верувањето   овозможува плодност и придонесува кон многудетноста на допирачот. Аналогно на ова, претпоставка е дека бесот кај добар дел од  демонстрантите врз статуата на Прометеј, би можел да биде предизвикан од ускратената можност за ритуално допирање на покриените делови, кои евидентно статуата ги поседува.  Сето гореспоменато, нека биде потстрек кон авторот на скулптурата, уште еднаш да размисли во насока на деинтервенирање врз интервенцијата, како би се релаксирала состојбата и би се вратил мирот меѓу дел од демонстрантите на шарената револуција.
Гледајќи ги последните случувања, низ парадигмата на светските мистерии, не можеме да го пренебрегнеме фактот дека рамо до рамо со   постоењето на Атлантида, Берумдскиот триаголник  и  Големата Сибирска експлозија  се најде и мистеријата околу тоа колкава е всушност месечната плата на директорот на Јавното претпријатие  Паркинзи во Општина Центар ,  Саша Богдановиќ – Српче.  И покрај неколкуте одржани прес конференции на оваа тема, граѓаните на Општина Центар и целата Македонска јавност останаа покуси за оваа информација која бездруго не би требало да биде никаква тајна согласно карактерот на јавната позицијата која се извршува а за која плаќаат граѓаните на Општина Центар.  Таа е единствената општина во светот која секојдневно и перманентно е боена, кршена,уривана, мачкана, смачкувана и омаловажувана од страна на шареноликите демонстранти, а нејзиниот прв човек,  Градоначалникот Андреј Жерновски, на кого патем главно залагање во кампањата му беше укинување на наплатата за паркинзите, а таа поскапе, молчи за тоа. Сервилноста е  лоша карактерна особина – велат граѓаните.

 Додека сеуште не започнало лици

Пронајдете не на следниве мрежи: