ПРОМЕТЕЈ: Симбол на бунтовник што неедуцираните револуционери-бунтовници сакаа да го урнат

Во Грчката митологија Прометеј е еден од титаните – божества кои биле за еден степен подолу од боговите. Името Прометеј значи онај кој размислува однапред (онај кој внимателно ја планира иднината) и е значаен по тоа што ги изиграл боговите, го украл огнот од нив и им го подарил на луѓето. Поради тоа бил казнет од боговите со оковување на една стрмна литица на КАВКАЗ каде што секој ден доаѓал орел и му го колвал џигерот, кој во текот на денот повторно се регенерирал… Напишаните легенди велат дека многу векови подоцна Херакле (Херкул) пристигнал на местото на казната и го ослободил титанот од неговите маки…Неговиот споменик кој се наоѓа во ЛУВР е направен од Николас Себастиан Адам во 1762 година. До ден денес овај повеќе од 250 години стар споменик ги преживеал: Наполеон Бонапарта, Француската Револуција, Револуционерните Војни, Двете Англо-Француски војни, преминот од феудализам во капитализам, Француско-Пруските војни, Војните против Русија (Крим), Прва Светска Војна и Втора Светска Војна…

Зошто е ПРОМЕТЕЈ ВАЖЕН?!
Во целокупната ЗАПАДНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА, Прометеј е важен затоа што тој бил ПРВИОТ БУНТОВНИК, првиот револуционер, првиот застапник на хуманиот прогрес, првиот кој даваќи го огнот на луѓето им ја дал првата главна дестинкција помеѓу нив и анималното… Тој се бунтува против апсолутот кој е претставен во врховниот бог на Грчката митологија Зевс. Тој се бунтува против недопирливиот тиран и против концептот на апсолутната моќ.
Поради овие причини митот на Прометеј има доживеано бројни анализи од страна на врвните интелектуалци на западниот свет. Во последните два (и пол) милениуми на западната цивилизација Прометеј е цел на илјадници дисертации, филозофски и религиозни трактати, но исто така и симплифицирани текстови, бајки и сликовници наменети за најмладите читатели.Неговиот споменик кој се наоѓа во ЛУВР е направен од Николас Себастиан Адам во 1762 година. До ден денес овај повеќе од 250 години стар споменик ги

Пронајдете не на следниве мрежи: