Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ве поканува на промоциите на поетските збирки Душевен санаториум и Зборот е светлина, кои ќе се одржат во текот на оваа недела.На 6 април 2016 година во клуб-ресторанот „MКЦ“ со почеток во 19 часот ќе биде промовирана дебитантската поетска збирка Душевен санаториум на младиот поет Дарко Ангеловски. Промоцијата ќе биде збогатена со уметничко-сценски перформанс, кој ќе го изведат Алмир Бајрамоски, Тони Арслан, Африм Шакировски, Евгениј Димов – Orange Groove, Атанасис Елинидис – Athan Ellins, Викторија Митеска и авторот на книгата, Дарко Ангеловски.
Во книгата Душевен санаториум Ангеловски зборува за нештата што се неискажливи и непреведливи во зборови и што се скриени зад поимите. За тоа нешто што не е нешто, но не е ни ништо, и за хармонијата на непостоењето и на постоењето, за калемот на телото и душата, кои може да се разберат само емотивно, со чувствување. Оваа книга ве води зад замислата на смислата на мислата, ве води кон едната и единствена вистина – Љубовта. Дарко Ангеловски е самоук поет, сликар и уметник од Скопје. Иако подеднакво се занимава со сите видови уметничко изразување и творење, најголем интерес има за пишувањето, кое претставува и негова најсилна страна. Тој е и еден од создавачите на Друштвото на мртвите поети – поетско читање и уметнички перформанс.
Следниот ден, на 7 април 2016 година, со почеток во 19 часот, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде промовирана поетската збирка Зборот е светлина на поетесата Ленче Милошевска. Промотор на книгата ќе биде доц. д-р Лидија Давидовска, а модератор на промоцијата – Миле Јовановски-Поречанец. Стихови од збирката ќе чита актерот Мите Грозданов. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
„Самиот наслов ја симболизира творечката синергија што произлегува од логосот и светлината. Најновата поетска книга на Ленче Милошевска е производ на искуство, поетска зрелост и успешна постапка во одбирот на поетските дилеми, предизвици и тишини. Овие простори – творечки пориви, во реалноста се можеби подруги, но во песните поместени во книгата се мајсторски искомпонирани целини“, се вели во рецензијата на Братислав Ташковски кон книгата Зборот е светлина од Ленче Милошевска, која е авторка на четири книги поезија и на четири романи. Работела како преведувач и како уредник во издавачките куќи „Култура“ и „Македонска книга“ во Скопје. Член е на ДПМ од 1999 година. На 6 април 2016 година во клуб-ресторанот „MКЦ“ со почеток во 19 часот ќе биде промовирана дебитантската поетска збирка Душевен санатор