Промоција на белгиска стрип сцена

Во заедничка организација на Стрип центар на Македонија – седиште Велес, Општина Велес и Амбасадата на Кралство Белгија на 8ми Април со почеток во 17,30 ч  во Велес ќе се одржи промоција на белгиската стрип сцена.Се очекува промоцијата да ја отворат  Градоначалникот на општина Велес г. Славчо Чадиев и Нејзина екселенција г-ѓа Аник Ван Калстер ,Амбасадорка на Неговото Величество Кралот на БелгијцитеОд страна на г. Вилием Де Грајф, Директор на Белгискиот стрип центар ќе се промовира опусот  на Марк Слин, реномиран Белгиски автор .поконкретно серијалот од стрипови наречен „НЕРО“
Како што не запозна Томе Трајков –промотер во СЦМ, овој несекојдневен настан е продукт на долгогодишната комуникација  помеѓу двата национални стрип центри коишто делуваат во сосема различни услови .Додека Белгискиот стрип центар делува како посебна институција во посебен објект ,кај нас ситуацијата е многу поскромна .Инаку првиот чекор на соработка беше во 2011 г кога Белгискиот стрип-центар издаде една обемна презентација на стрипот на Балканот, во која ја опфати стрип-сцената во 11 земји од овој регион. Изданието носеше  наслов „Стрипот на Балканот, Балканот во стрипот“, а во него беше опфатен огромен период, почнувајќи од Втората светска војна. Како и да е, нагласува Трајков ,првиот непосреден  контакт помегу двете репрезентативни стрип асоцијации ќе доведе до засилена интернационална соработка на полето на „9та“ уметност.Од страна на г. Вилием Де Грајф, Директор на Белгискиот стрип центар ќе се промовира опусот  на Марк Слин, реномиран Белгиски автор .поконкрет

Пронајдете не на следниве мрежи: