По повод Меѓународниот ден на литературата за деца – 2 Април, Библиотеката „Искра“ организира промоција на делото „Насликано време“од авторот Стојан Тарапуза.Тарапуза е добитник на наградата за најдобра книга за деца „Ванчо Николески“ за 2014 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.
Промотор ќе биде авторот Горјан Петрески, кој ќе се осврне и на целото творештво на Тарапуза. Настанот ќе се одржи во просториите на „Искра“ во Кочани, со почеток во 13 ч.
Светот го одбележува 2 Април како Ден на литературата за деца, според роденденот на светски познатиот писател за деца, Ханс Кристијан Андерсен, авторот на „Грдото пајче“, „Принцезата на зрно грашок“, „Царевото ново руво“.Тарапуза е добитник на наградата за најдобра книга за деца „Ванчо Николески“ за 2014 година, што ја доделува Друштвото на писатели