ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД ДРАГАН Ј. РИСТИЌ

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД ДРАГАН Ј. РИСТИЌ-ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ХАИКУ МАЈСТОРИ НА БАЛКАНОТ Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува промоцијата на хаику-збиркаШтурецот во саксијата на eден од најголемите балкански хаику мајстори, српскиот поет Драган Ј. Ристиќ, која ќе се одржи на 29 август (понеделник), со почеток во 12 часот, во рамките на Меѓународната средба на книжевните преведувачи во Лешок. Темата на годинашниот симпозиум на средбата е „Книжевниот превод – континуитет на оригиналот“. Промотор на делото ќе бидеАлександар Прокопиев.
 
Драган Ј. Ристиќ е можеби најважната фигура на балканското хаику. Со децении тој го води, го осмислува и го збогатува со темати и со преводи списанието „Хаику новине“. Неговата збирка Штурецот во саксијата е составена од четири циклуси, чии наслови веќе го провоцираат читателското љубопитство: „Мириса бозелот“, „Летната запурнина“, „Ветер во оџакот“ и „Го гледам мојот здив“. Препевот на македонски го направи Љубиша Стојановиќ.
 
„Штурецот во саксијата е впечатлива галерија на трансформации на мигот, во кои ги наслушнуваме скриените гласови, го чувствуваме ритамот на човечноста… Сега, благодарение на препевот на Љубиша Стојановиќ, кој, за жал, не е веќе меѓу нас, и на книгоиздателството „Антолог“, дел од поттикнувачкото хаику на Драган Ј. Ристиќ, на поетот што умее да гледа, дише и на македонски“, пишува во рецензијата кон книгата Александар Прокопиев.
 
Драган Ј. Ристиќ (1948, Ниш) е професор по германски јазик, книжевен преведувач, писател, сатиричар и антологичар. Автор е на кратки раскази, на афоризми, на хаику-поезија и на поезија. Хаикуата му се преведени на 19 јазици (со добиени неверојатни 68, пред сè меѓународни, награди!), а расказите на германски, на бугарски и на македонски. Има објавено две книги афоризми, пет книги кратки раскази и дванаест книги хаику-поезија.
 
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!
  Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува промоцијата на хаику-збиркаШтурецот во сакси

Пронајдете не на следниве мрежи: