Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на 24 април (понеделник) во 19 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Припек на зајдисонце“ од Ванчо Накев.За најновото издание на издавачката куќа „Панили“ илустрирано од Кирил Казанџиски, ќе говорорат познатиот македонски поет илитературен критичар, Ефтим Клетников и Јован Христовски. Стихови ќе интерпретираат Антонио Павловски и членови на Студиото на Симеон Гаврилов од Штип.
Промоцијата ќе биде збогатена со музички колаж на Драга Даутовски и Васил Атанасов.
Ванчо Накев (Штип,1963) живее и работи во Упсала, Шведска. Спаѓа во редот на подвижниците во организирањето на македонската дијаспора во оваа држава. Објавува свои прилози во повеќе шведски гласила. Во 2015 година ја објави стихозбирката „Од спротива“.За најновото издание на издавачката куќа „Панили“ илустрирано од Кирил Казанџиски, ќе говорорат познатиот македонски поет или