Дваесет и четири песни и исто толку мисли ги исполнуваат страниците на втората книга на Душко Стефанов, збирката мисли, песни и поезија „И буден сонувам“ која во среда, 25 март 2015 година со почеток од 20 часот и официјално ќе биде промовирана пред кавадаречката културна јавност.На промоцијата која што ќе се одржи во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, се очекува да зборуваат познати личности од кавадаречкиот јавен живот, уметници и пријатели на Душко Стефанов, а целиот настан ќе биде надополнет со многу музика и поетско читање.
За потсетување, Душко Стефанов пред десет години ја објави книгата „Песочен часовник“, а за неговите особени достигнувања во областа на културата во 2014 година го доби и највисокото одличје на град Кавадарци, седмосептемвриската награда.На промоцијата која што ќе се одржи во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, се очекува да зборуваат познати личности