На 27-ми, во четврток, во просторoт на книжарицата Матица Ексклузив, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Култура и Меморија“ од Марта Маркоска.Книгата обработува теми од современите научни истражувања во полето на Културологијата: културната меморија како феномен на селективно помнење, времето и просторот како физички, но и антропоморфни феномени, филмот како метајазик на психичките сензации преточени во визуелен код, театарот како атар на другоста и неговата амбивалентност во општеството и телото како предмет на општествени конструкции и деконструкции.
Промотори на книгатa ќе бидат:
Ангелина Бановиќ – Марковска
и Иванка Апостолова.
Марта Маркоска е поет, раскажувач, есеист, истражувач. Покрај книгата „Култура и меморија“, досега ги има објавено книгите:
– Научната студија „Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла)“, Матица, 2013
– Збирката песни „Стрмоглаво кон височините“ (награда Ацо Караманов, 2012),
– Збирката есеи „Хипер Хипотези“ (Институт за македонска литература, 2011)
– Збирката раскази „Вител во Витлеем“ (Темплум, 2010) и
– Збирката песни „Сите притоки се слеваат во моето корито“ (Темплум, 2009)Книгата обработува теми од современите научни истражувања во полето на Културологијата: културната меморија како феномен на селективно помнење, вре