Во четврток (25 февруари, 2016 година) со почеток во 21 часот, во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се оддржи промоција на книгата „Продавачот на ветaр и магла и други приказни“ (збирка раскази) од Стефан Марковски.Промотор на збирката раскази насловена „Продавачот на ветaр и магла и други приказни“ од Стефан Марковски ќе биде проф. д-р Васил Тоциновски.
„Со дискретен хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија, авторот од навидум реални настани од секојдневието, преку оригинална наративна техника незабележливо преминува кон сложено метафорично заокружување на расказот“, забележува проф. Рајна Кошка
„Продавачот на ветaр и магла и други приказни“ (збирка раскази) од Стефан Марковски.
Стефан Марковски (Гевгелија, 1 декември 1990) дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ и е апсолвент на Институтот за Филозофија на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Моментално е на постдипломски студии на Факултетот за Драмски Уметности – насока Филмско и ТВ сценарио.
Марковски е автор на книги од различни книжевни видови и жанрови: „Апеирон“ (поезија, 2010/2011), „За некои спомени на онаа некогашност“ (поезија, 2010/2011), „Хиерархиска еволуција на свеста“ (Психологија и теорија на ум, 2012), „Мета(де)конструкција и општа филозофија“ (Филозофија, 2012), „Среќата е глагол“ (Психологија и филозофија, 2013), „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ (Раскази и драмски текст, 2015). Првообјавено дело му е романот „Еднонасочно“ за кое во 2009-та ја добил наградата „Петре М. Андреевски“ од Фондацијата „Рамковски“.Добитник е и на неколку домашни и странски награди за есеи, меѓу кои награда на GOI – Токио и UNESCO во 2009, награди при конкурсот „Блаже Конески“ на Филолошкиот Факултет во 2010-та и 2012-та, како и на награди за поезија и раскази. Добитник е највисокото признание „Гран При“ на Меѓународниот Поетски Фестивал „Литературни Искри“ – Гостивар.
Во 2015-та ја добил наградата „Македонска книжевна авангарда“ за збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни“.
Застапен е во повеќето антологии од трите жанрови во кои се вклучени автори од најновата генерација. Свои уметнички и есеистички текстови објавува во „Акт“, „Стремеж“, „Современост“, студентски списанија, како и на повеќе WEB страни.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија.Промотор на збирката раскази насловена „Продавачот на ветaр и магла и други приказни“ од Стефан Марковски ќе биде проф. д-р Васил Тоцин