Промоција на книгата „Ткаење на текстот“

„Ткаење на текстот “ е збирка критички текстови за македонски книжевни дела објавувани во периодот од 2008-2013 година. Книгата содржи 41 рецензија за исто толку наслови и два поголеми осврта за книжевната сцена во Македонија во календарските 2010 и 2011 година , објавувани во дневниот весник „Дневник“.Меѓу рецензираните наслови има и голем број дебитатнтски дела на млади македонски автори, за кои многу често текстот на Јуруковска е и единствоно видување и оценка дадено досега. Меѓу насловите има и дела наградени со некои од домашни и меѓународни највисоките награди и признанија „Роман на годината“, наградата за поезија „Браќа Миладиновци“,наградите за поезија и проза на Друштвото на писателите на Македонија, „Балканика“, како и наградата за литература на Европската унија.
„Ткаење на текстот “ е во издание на „Силсонс“ од Скопје, а поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.
Книгата ќе ја промовираат Лилјана Грџо Дамовска – новинар и уредник во Дневник и Мерсиха Исмајлоска – книжевник.
Биографија
Александра Јуруковска е родена 1981 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.На истата катедра во 2012 година магистрира со труд од областа на интердисциплинарните односи на книжевноста и медиумите.
Од 2001 година работи како новинар во културните и информативните редакции на повеќе медиуми (Радио Бус, Македонско Радио – Радио Скопје, Наша ТВ, радиото на УКИМ „Студент ФМ 92.9“). Во Македонското радио ја уредува и води рубриката „Книга -фаворит“ во која, во период од 5 години, претставила околу 200 наслови.
Од 2012 година е еден од уредниците на порталот www.cooltura.mk Нејзините новинарски текстови, рецензии и есеи се објавувани во сите позначајни специјализирани списанија и магазини за култура и литература во Македонија: Блесок, Репер, Наше Писмо, Културен живот, Театарски гласник, Спектар, Литературен збор, Разгледи, како и на порталите: www.balkani.eu, www.javno.com.
Со една песна е застапена и во зборникот „Рукописи 25“( издание на Домот на млади од Панчево, 2002).
Од 2008 година објавува рецензии за литература во дневниот весник „Дневник“. Книгата „Ткаење на текстот“ е избор од тие текстови.Меѓу рецензираните наслови има и голем број дебитатнтски дела на млади македонски автори, за кои многу често текстот на Јуруковска

Пронајдете не на следниве мрежи: