Промоција на книгата „ВКРСТУВАЊЕ НА СВЕТОВИТЕ“ од Мерсиха Исмајлоска

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува промоцијата на новата книга на Мерсиха Исмајлоска, „Вкрстување на световите“, која ќе се одржи на 9 мај 2016 година во Спомен-куќата на браќата Миладиновци во Струга, со почеток во 19 часот. Промотори на делото ќе бидат Мите Стефоски и Александра Јуруковска, а за музичкиот дел е задолжен Петар Кочоски.„Вкрстување на световите“ е книга што во себе вклучува една подолга тема: „Вкрстување на световите на Истокот и Западот (интерпретација на перцепцијата и нарацијата во делата Прашина од Милчо Манчевски, Се викам Црвено од Орхан Памук и Боречки клуб од Чак Паланик)“, инаку магистерски труд на Исмајлоска. Текстот се обидува преку компаративистичко-контрастивна согледба да даде анализа на вкрстувањето помеѓу Истокот и Западот, видено преку вкрстувањето на зборот и сликата. Двојно преплетување, израз на копнеж за давање теоретски одговор на некои метафизички прашања.
„Својот културолошки пристап авторката го заокружува со поврзувањето на источната и западната мисла присутна во делата на мислителите што биле способни да го вкрстат сопственото поимање на бивствувањето и светот со она на Платоновата философија или Аристотеловата метафизика“, се вели во рецензијата на проф. д-р Славица Србиновска кон книгата „Вкрстување на световите“.
Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.Мерсиха Исмајлоска е родена во 1980 година во Струга. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги објавила книгите „Нова приказна“ (раскази, 2014) и „Тангента“ (есеи и критики, 2014), изданија на ЗЛКН „Бран“, Струга. Учесник е на повеќе научни конференции, симпозиуми, трибини и други собири од областа на културата, науката и на уметноста. Нејзини текстови се дел од неколку зборници научни трудови од областа на книжевноста. Членува во Европската мрежа за компаратистички проучувања, како и во Друштвото за компаративна книжевност на Македонија. Работи на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!„Вкрстување на световите“ е книга што во себе вклучува една подолга тема: „Вкрстување на световите на Истокот и Западот (интерпре

Пронајдете не на следниве мрежи: