Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на 18-ти мај (четврток) во 12 часот ќе биде промоворина монографијата за акварелите на академик Васко Ташковски, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.Промоцијата на монографијата ќе биде збогатена и со изложба на акварели од познатиот автор.
За делото на Ташковски ќе говорат Раде Силјан и Паскал Гилевски.
Во изминатите пет децении творечка дејност, академик Васко Ташковски одбележа значајна етапа во современите текови на македонското сликарство. На неговите платна земните и мистичните појави ја имаат моќта на една пресликана реалност, таинствена и магиска. Во богатото творештво на авторот вљубениците во уметноста препознаваат волшебник на таинственото, фантастичното, мистичното, невозможното, пишува писателот Раде Силјан во препораката на изданието.Промоцијата на монографијата ќе биде збогатена и со изложба на акварели од познатиот автор.
За делото на Ташковс