ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ПО НИВ ОСТАНА ПРАЗНИНА“

Делото е посветено на прогонетите унгарци во 1956 година, кои свое засолниште нашле во градот КрушевоВо организација на амбасадата на Унгарија во Скопје, Здржението на унгарците „Теледом“ и Книгоиздателството „Матица македонска“, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, денеска (понеделник,19 јуни) во 19 часот ќе биде промовирано монографското издание „По нив остана празнина“,посветено на  прогонетите петстотини и шеесет унгарци,кои свое засолниште во 1956 година ќе најдат во Крушево. На страниците од изданието поместени се потресни сведоштва на познати личности,кои говорат за многу аспекти од престојот на раселените унгарски семејства,како и за пријателството меѓу македонците и унгарците.
За значењето на монографијата ќе говорат амбасадорот на Унгарија во Република Македонија,д-р Ласло Дукс,како и уредниците на делото Ѓула Шомоѓи, Јожеф Шутуш, Кочо Топузовски и Никола Јовановски.Во организација на амбасадата на Унгарија во Скопје, Здржението на унгарците „Теледом“ и Книгоиздателството „Матица мак

Пронајдете не на следниве мрежи: