Промоција на романите „Луна“ и „Момчето молња“

Со особена чест и задоволство ве покануваме на промоција на новиот роман на Винка Саздова, Луна. Промоцијата ќе се одржи во вторник (22.12.2015), во клуб-ресторанот МКЦ, со почеток од 19 часот.Во исто време ќе биде промовирано и второто издание на книгата Момчето молња од Јагода Михајловска-Георгиева. Овој роман за деца и возрасни ТРИ го издава по 25 години од неговото премиерно објавување.
„Луна“:
Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.
Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво.
Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.

„Момчето молња“:
Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е инеговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавна и возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња „повикува“:
Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание, молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.Во исто време ќе биде промовирано и второто издание на книгата Момчето молња од Јагода Михајловска-Георгиева. Овој роман за деца и возрас

Пронајдете не на следниве мрежи: