Промоција на романот „Еднаш одигравме љубов“ од Елена Конеска

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува промоцијата на првиот роман на Елена Конеска, Еднаш одигравме љубов, која ќе се одржи на 7 јуни 2016 година во кафулето „Децата од нашата улица“, со почеток во 20 часот. Промотори на делото ќе бидат Елена Стојановска и Марина Мијаковска. 
Триесетгодишна жена одлучува да промени нешто во својот професионален живот започнувајќи нова работа. На своето прво службено патување и прва работна задача, која очекува беспрекорно да ја исполни, запознава млад португалски писател во кого се вљубува и со кого започнува „електронска љубовна врска на далечина“. Кратката романса, вљубувањето, очекувањето и разочарувањето што неминовно следуваат се патот на созревањето и на спознавањето на сопствените желби.Романот ги следи емоционалниот развој на младата жена во современиот свет и љубовните болки и страдања како основа на тоа созревање. Погледите за неминовноста на љубовта и страдањата дадени само од женска перспектива, проткаени со низа емоции и раскажани речиси онака како што се доживеани, даваат автентична и реална слика на целиот роман. „Стилот на 'Еднаш одигравме љубов‚ од Елена Конеска е едноставен како дишењето; здивот пулсира и се забрзува со редењето и со слевањето на речениците една во друга, ситуациите се движат забрзано една кон друга, па сè до крајот. Романот е извонредно дело со цврста композиција, течна нарација и лесен стил на изразување на прозните ситуации во прозни слики“, се вели во рецензијата на писателката Марина Мијаковска кон книгата. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Елена Конеска е родена на 9 мај 1980 година во Прилеп. Основно и средно образование завршува во родниот град, а студиите по германски јазик и книжевност ги завршува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2002 година. Во 2009 година магистрира на истиот факултет со трудот на тема „Интерпретација на телото и телесното во романите на Елфриде Јелинек“. Како постдипломец престојува на краток студиски престој на Универзитетот „Карлс Рупрехт“ во Хајделберг, СР Германија. Од германски на македонски јазик ги превела следните дела: „Приказната за Вилхелм Тел“, „Види кој се врати“, „Зарем плачеше?“ и „Добриот љубовник“. Романот „Еднаш одигравме љубов“ е нејзиното дебитантско книжевно дело.
  
Триесетгодишна жена одлучува да промени нешто во својот професионален живот започнувајќи нова работа. На своето прво службено п

Пронајдете не на следниве мрежи: