Издавачката куќа „Антолог“ ја најави промоцијата на новиот роман на Владимир Јанковски, „Невидливи љубови“, која ќе се одржи утре во Галеријата при МКЦ, со почеток во 20.30 часот.Промотор на делото ќе биде македонскиот писател Влада Урошевиќ, а целиот настан ќе го модерира Иван Шопов. Делови од романот ќе читаат Николина Андова-Шопова и Владимир Мартиновски. Во рамки на промоцијата ќе се одржи и разговор со авторот.„Невидливи“ љубови е составен од три приказни, во кои авторот преиспитува некои од клучните аспекти на современата љубов: односот меѓу присуството и отсуството, опседнатоста со појавното и со видливото, идејата за Другиот како конструкција и како фикција.
„Невидливи љубови“ е втор роман на Владимир Јанковски, кој досега ги објавил книгите: Огледало за загатката (2003, разговори со Влада Урошевиќ), Скопје со широко отворени очи (2008, фотоесеј, заедно со фотографот Иван Блажев), Лицата на невидливиот град (2010, фотоесеи, заедно со фотографот Иван Блажев), Вечно сегашно време (2010, роман).
Освен како писател, тој на книжевната сцена е присутен и како преведувач, па на македонски јазик превел книги од: Дубравка Угрешиќ, Ијан Мекјуан, Сузан Сонтаг, Џон Фанте, Маргарет Етвуд, Филип Дик, Чарлс Буковски и др.Промотор на делото ќе биде македонскиот писател Влада Урошевиќ, а целиот настан ќе го модерира Иван Шопов. Делови од романот ќе читаат Николина Анд