Промоцијата на првиот и вторниот том од зборникот документи „Илинденски сведоштва“

Промоцијата на првиот и вторниот том  од зборникот документи „Илинденски сведоштва“ – Ве информираме дека Државниот архив на Република Македонија организира промоција на првиот и вториот том од зборникот документи „Илинденски сведоштва”, како дел од истоимениот проект кој започна во 2015 година и е предвидено да содржи пет тома.
Двете публикации кои кои ќе бидат промовирани содржат факсимилни документи, дел од фондот на ДАРМ насловен како „Извршен совет на НРМ. Одбор за доделување илинденски пензии. Досиеја на признати илинденци (1946 – 1956)“, односно биографски документи на преживеаните Илинденци кои преку своите наративни забележувања, трајно ги оставиле своите сеќавања за тоа што направиле во името на Македонската Револуционерна Организацијата и македонското  револуционерно движење.
Промотори на настанот ќе бидат директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски и д-р Кит Браун, директор на специјалистички програми на Институтот за меѓународни студии „Томас Џ. Вотсон” при универзитетот Браун  во САД.
Промоцијата ќе се одржи на ден 10.04.2017 година (понеделник) со почеток од  19.00 часот, во арт кафе „Koнцепт 37”, ул. Франклин Рузвелт бр. 37, Скопје.
Заинтересираните медиуми ќе може да добијат изјави од учесниците на промоцијата, пред самиот почеток на истата.

Пронајдете не на следниве мрежи: