Промовиран новиот роман на Исидора Бјелица

МИРИСОТ НА НЕБОТО НА МАКЕДОНСКИ
Издавачката куќа Просветно дело и Исидора Бјелица на прес-конференција го претставија македонското издание на нејзиниот нов роман Мирисот на небото. Ова е четврта книга од Бјелица во издание на оваа издавачка куќа. Станува збор за еден од нејзините најзрели романи кој е во манирот на мајсторот на книжевните параболи за човековата духовна потрага – Пауло Коелјо. Мирисот на небото е и забавна и потресна приказна која поттикнува на размислување и просветлување.Добрата пријателка В. ја доведува Исидора во Ница да се одмори од безбројните терапии и да го прослави роденденот. Бјелица уште првиот ден оди во продавницата на Шанел, да помине еден час со чаша шампањско во својата омилена забава: разгледување на новата колекција. И тогаш ја здогледува неа… Таа не само што ќе и` ја открие шокантната вистина за Коко Шанел туку, пред се`, ќе ја поведе на духовно патување за самооткривање кое ќе и` донесе сознание, љубов и емотивно олеснување, како и разделба со сопствените предрасуди и заблуди. Но која е оваа мистериозна дама?
“Кога лежите на смртна постела и го чекате својот крај, животот на другите луѓе протекува покрај вас како брза река. Сите брзаат некаде уверени дека имаат време. Ве сакаат, жал им е, но реката едноставно влече, и тие заминуваат по патот на своите илузии и обврски, страсти и желби, сигурни дека смртта секогаш му се случува на некој друг. Мирисот на небото е приказна која дава одговор како животот да не ве боли и повредува толку многу,“ вели Исидора Бјелица за својот роман. Од издавачката куќа Просветно дело најавија богата понуда и програма на нивниот штанд на претстојниот Саем на книгата. “Годинава главен адут за најмалите читатели ни се лиценцираните изданија со ликовите на Калимеро, Дора, Нинџа желките, Кученцата во патрола и Сунѓерот Боб, а за возрасните, освен новиот роман на Бјелица, ќе ги претставиме и македонското издание на Маж в грло на Ведрана Рудан и едицијата Хроно хујна на Ана Ќубела,“ изјави менаџерот за односи со јавност на Просветно дело – Татјана Димовска – Атанасова.Добрата пријателка В. ја доведува Исидора во Ница да се одмори од безбројните терапии и да го прослави роденденот. Бјелица уште првиот де

Пронајдете не на следниве мрежи: