Промовиран системот за снимање со камери поставени на полициските службеници

Мобилен систем за снимање со камери поставени на полициските службеници за документирање на полициските постапки за промовирање на принципот на законитост и професионалност на полицијата, е новата опрема која денеска ја промовираа министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли.Опремата вредна 65.000 долари е донација на амбасадата на САД во Македонија и се состои од камери, поддршка на системот и обуки на полициските службеници на терен, нивните раководители и експерти за информатичка технологија.
– Целта на овој проект е преку снименото документирање на постапките во врска со преземените службени дејствија да се обезбеди законитост во постапувањето, да се отстранат пропустите во работата, обука и унапредување на полициското постапување, контрола на полициските службеници од страна на нивните претпоставени, превенирање на појави на злоупотреби и корупција, како и утврдување на основаноста на поплаките од граѓаните, појасни Чавков, пренесе МИА.
Според него, довербата на јавноста во полицијата зависи од перцепцијата односно во која мерка полициските службеници со своето постапување ги почитуваат човековите права и слободи и подеднакво ги штитат нивните интерси.
– Уверен сум дека ваквиот партнерски однос во кој полцијата применува модерен начин на делување преку одговорност и транспарентност заедно со граѓаните ќе придонесат за комплетна поддршка и доверба од јавноста, истакна Чавков.
Споеред амбасадорот Бејли, голем проблем преставува кога анкетите покажуваат дека граѓаните на Македонија сметаат дека корупцијата е широко распостранета во владините институции вклучувајќи ги и полицијата и правосудството.
– За жал ниту еден дел од Владата не е имун на корупција, не е овде, не е ниту во мојата земја. Она што е важно е државните службеници да се справуваат со тоа, а да не дозволуваат неказнивоста да владее. За да се постигне оваа мисија потребно е полициските организации да спроведуваат транспарентен процес на унапредување и на заслужено ангажирање на своите претставници. Да ги почитуваат правилата и процедурите коишто се засновани на почитување на човековите права и на демократските начела, да поддржуваат командна структура која што е посветена на отчетнсот, транспрентност и еднаквост, рече Бејли, пренесе МИА.
Најтраспространтната форма на корупција во полицијата во светот, според него, е кога полициски службеници примаат мито за да не постапуваат или да не преземаат акции против лица кои прекршиле сообраќајни правила.
– Целта на камерите е всушност да поттикне етичко однесување и од страна на полициските службеници и од страна на претставниците на заедницата, истакна Бејли и додаде дека дополнителна предност или вредност на воведувањето на ваквите системи на камери е што со нив ќе се документира и однесување на полицијата и на полициските службеници.
Нагласи дека САД и помагаат на Македонија да ја зголеми транспарентноста и отчетноста, и сакаат да видат дека институциите и граѓаните ќе успеат во нивната борба против корупцијата.
Од МВР информираат дека новата опрема служи за превенирање на евентуална појава на злоупотреби и корупција од страна на полициските службеници, како и користење на системот за полесно утврдување и решавање на претставките од поплаките од граѓаните на полициските службеници. Пилот проектот ќе се користи само на мобилната едница за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во иднинина и кај другите единици во полицијата, пренесе МИА.Опремата вредна 65.000 долари е донација на амбасадата на САД во Македонија и се состои од камери, поддршка на системот и обуки на полициските служ

Пронајдете не на следниве мрежи: