Министерството за култура денеска промовираше 22 книги од четири едиции: „Најпознатите битки и војни во светската историја“, „Автобиографии, биографии и мемоари на светски познати личности од повеќе општествени сфери“, „Превод на значајни остварувања од областа на спортот и здравиот живот“ и првите преведени наслови од едицијата „Најдоброто од светската архитектура, сликарство, скулптура, дизајн и орнаментика“.Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата истакна дека четирите едиции се надоврзуваат на низата капитални проекти од областа на литературата и издаваштвото кои беа реализиравни во изминатите години и со нив, како што рече, јасно се демонстрираат заложбите на Владата и Министерството за култура да се подигне нивото на општата интелектуална култура во државата.
– Уверена сум дека едициите ќе влијаат на едукативниот и образовниот прецес во нашата држава особено кај младите генерации, кои се на прагот на својата понатамошна професионална определба и кои преку културата, науката и образованието треба да се идентификуваат и да градат цврсти релации со другите напредни средини, рече Канческа-Милевска, нагласувајќи дека значајна придобивка од 400-те наслови кои се дел од овие едиции е „афирмацијата на виталноста, животворност и потенцијалите на македонскиот јазик на лингвистичката мапа на светот“.
Новите наслови од едициите за познати битки и за биографии и автобиографии ги промовираше професорот од Филозофскиот факултет Далибор Јовановски. Новообјавените книги за битките, меѓу кои за Октомвриската револуција, за поморската тактиката на Шпанската армада и стратешкото освојување на војските на Наполеон, се и богато илустрирани со фотографии, карти и цртежи, кои сликовито ги претставуваат настаните.
Во едицијата за мемоари на значајни личности се објавени биографии за оперската певица Марија Калас, за индискиот нобеловец за литература Рабиндранат Тагоре, како и автобиографии на Дарвин, Ајнштајн, Теодор Рузвелт…
Новите наслови од едицијата „Во светот на спортот и здравиот живот”, се однесуваат на менаџменот во спортот, филозофијата на спортот и неговата практична примена.
Првите преведени наслови од едицијата за архитектура и дизајн ги претстави Јана Манева, проф. на Европскиот универзитет. Меѓу преведените е и книгата „Дизајн за вистинскиот свет“ на Виктор Папанек, која се смета за исклучителна и многу корисна за стручните лица од областа на дизајнот. Меѓу преведените се и: „Скулптурата сега“ на Ана Мошинска и „Француски архитектонски орнаменти“ на Еуген Ројер.
На промоцијата присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој изјави дека е задоволен што капиталниот проект за преводи на книги од повеќе едиции се реализира според динамиката и планот.
– Ми беше задоволство да присуствувувам на промоцијата на нови 22 книги од различни области кои ги почнавме во времето кога јас бев претседател на Владата и, еве, сега гледам дека добро тече реализацијата. Новите 22 наслова се интересна комбинација од различни области, кои ќе се најдат во универзитетските библиотеки и во другите библиотеки и секој ќе може да ги купи – во Скопје во НУБ „Св. Климент Охридски“, а низ Македонија – во другите библиотеки, истакна Груевски по промоцијата.Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата истакна дека четирите едиции се надоврзуваат на низата капитални проекти од