Проектот „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ продолжува. Денес беа промовирани уште 30 наслови од оваа едиција, со кои беа заокружени 100 публикации од предвидени 366 во рамки на овој проект.Со ваквиот проект продолжува посветеноста на Владата за развој на образованието и достапност на литературата која недостасувала, а која има своја светска релевантност.
Премиерот Никола Груевски на промоцијата потенцира дека образованието и читањето е основа за напредок на човековиот ум и за напредок на државата и општеството.
-Пред нас се девет наслови од областа на историјата, 11 наслови од областа на филозофијата и 10 наслови од областа на психологијата и психоанализата. Сите овие области се области во кои Македонија има дефицит на литература. Токму затоа овие дела треба да се искористат во секоја смисла на зборот. Нивната релевантност на меѓународен план е голем поттик за секој научник и професор од Македонија да се впушти во компарација и истражување до каде сме ние, а до каде стигнала светската наука во полето на неговиот интерес. Таквата компарација со овој проект е полесна од кога и да било претходно. Ако претходно оваа литература се бараше по колеги од странство, во некои странски библиотеки и научни установи, денес ја имаме тука, во Македонија, преведена на македонски јазик, истакна Груевски.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи на придобивките од оваа едиција чија долгорочна мисија, како што рече, е развивање и подигање на нивото на општата култура во нашата средина, отворање на интелектуалните хоризонти, особено кај младата генерација.
Таа истакна дека се работи за референтна литература од богатата продукција на дела од најреномираните британски, американски и германски универзитети, која отсега им е достапна на студентите, постдипломците и докторантите од Филозофскиот и од сродните факултети од хуманистичките науки.
– Оваа едиција има исклучително значење и за поставувањето на основите на комплексниот процес на развивање и унапредување на научната терминологија на македонскиот јазик, како неопходен инструмент на научната и филозофската дејност, нагласи Канческа-Милевска.
Преведените дела ги претстави историчарката Виолета Ачковска, која истакна дека секоја од 30-те книги е зрак кој осветлува нови простори на историјата, филозофијата и психологијата и, како што рече, овозможува воспоставување поблизок дијалог со светската наука, но и можност на ширење фундаментални знаења за поширок круг македонски читатели.
Меѓу преведените книги од областа на историјата се наслови од Мајкл Енголд, Дејан Ѓокиќ, Оливер Шмит, Ева Ане Франц, Тејлор, Хобсбаум, Ван де Мероп, Паларет и Тимоти Давид Барнс. Од филозофските се објавени преводи на дела од свети Аврелиј Августин, научни трудови на Мур, Бубер, Коплстон, Фихте, Порфириј, Шелинг…, а од делата од психологијата – наслови од Франц Клеменс Бретано, Мајкл Ејд, Ренди Ларсен, Сигмунд Фројд, Карен Хорнај, Тереза Клајн, Џим Орфорд…Со ваквиот проект продолжува посветеноста на Владата за развој на образованието и достапност на литературата која недостасувала, а која има своја с