Во Музејот на македонската борба попладнево беа промовирани четири книги со наслов „Македонска борба за слобода“, кои се дел од едицијата „Македонски искушенија“. Таа произлегува од документарниот серијал „Искушенија“ што го прикажуваше Македонската радио-телевизија, со 28 епизоди за значајни личности, настани, појави и процеси од македонската историја.Едицијата ја објавува Министерството за култура и е планирано да има 25 ексклузивни публикации. Покрај новите четири тома „Македонската борба за слобода“, веќе се објавени осум (Еден век прогонство; Жртви на комунистичкиот режим; Христо Татарчев; Јане Сандански; Методија Шаторов-Шарло; Тодор Александров; Павел Шатев и Кузман Јосифовски-Питу).
Автори на научните студии во новото четиритомно издание се Владо Поповски, Блаже Ристовски, Михајло Миновски, Мирјана Ничевска, Зоран Тодоровски, Даринка Петреска, Тодор Чепреганов, Виолета Ачковска и Никола Жежов.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата рече дека проектот отвора нови интелектуални и духовни перспективи и нуди научно верифицирани факти и толкувања за долгата историја на македонската борба за државност и самостојност и дека најважно е што проектот „Македонски искушенија“ е сведоштво за идните генерации, од кој најмладите во иднина ќе црпат чувство на припадност и идентитет.
– Новите четири тома на 1450 страници нудат авторски текстови, изворни документи и богат илустративен материјал. Овие отпечатени сведоштва на еден нов и синтетизиран начин нудат јасна слика на македонската борба за слобода и независност, започнувајќи од втората половина на 19 век, па се до денот на формирањето на првата современа држава во 1944 година и конечното прогласување на сувереноста во 1991. Со други зборови, овие вредни четири тома насловени „Македонската борба за слобода“ се приказна за остварениот вековен сон на нашите национални дејци кои безусловно и се посветија на нашата татковина и народ, рече Канческа-Милевска.
Главниот и одговорен уредник на едицијата „Македонски искушенија“ Раде Силјан истакна дека во четирите книги се презентирани голем број непобитни историски и судбински настани со кои, како што рече, може да се создаде комплетна слика за херојските подвизи на предците, но и за заблудите и предавствата.
– Станува збор за исклучително добро конципирани книги, во кои се согледува историскиот континуитет, проследен со многу идеали, надежи и стремежи за создавање на самостојна и незвисна македонска држава. Обидот на едно место да се говори и за победите и за поразите, за идеалите и за заблудите, за многу виспрени херои, но и за предавници на националните идеали, го создава мозаикот на македонските премрежиња што ги имал нашиот народ во својата долговековна историја, рече Силјан.
Генералниот директор на МРТ Марјан Цветковски истакна дека документарниот серијал „Искушенија“ е потврда за историската мисија на јавниот сервис кој, како што рече, се развивал напоредно со македонската држава, зашто идната година ќе одбележи 50 години постоење и 70 години од емитувањето на првиот АСНОМ-ски сигнал. Посочи дека документарците се овозможени со реставрацијата на богатиот архивски видеоматеријал и најави нови серијали од македонската историја во 2014 година.Едицијата ја објавува Министерството за култура и е планирано да има 25 ексклузивни публикации. Покрај новите четири тома „Македонската борба