Шест нови наслови од капиталната едиција „Македонски искушенија“ денеска беа промовирани во Музејот на македонската борба-Скопје. Тоа се изданијата „Светите Климент и Наум Охридски“, „Македонска преродба“, „Борис Сарафов“, „Атентатите на ВМРО“, „Судбината на членовите на Првиот президиум на АСНОМ“ и ,„Македонска православна црква-Охридска Архиепископија“.Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата истакна дека оваа едиција има исклучително значење за збогатувањето на македонскиот книжевен и историски корпус и афирмирањето на личностите и настаните кои оставиле длабока трага во повеќеслојната македонска историја.
– Едицијата „Македонски искушенија“ е несомнено едно непроценливо книжевно богатство кое ќе се вгради во едукацијата на сите генерации. Преку овие екслузивни публикации кои изобилуваат со текстови, автентични фотографии и факсимили на оригинални документи, секој читател ќе може да ги открие познатите и непознатите предели и процеси во македонската историја, кои се длабоко врежани во нашата колективна меморија, рече Канческа-Милевска.
Проектот „Македонски искушенија“ произлезе од, како што рече, исклучително вредните документарни филмови кои во изминатиот период, во голем број беа реализирани од страна на Македонската Радио Телевизија.
– Книжевната едиција „Македонски искушенија“ беше логично надоврзување на овие документарни филмови и нашите заложби беа првично да создадеме еден книжевен корпус од 22 еклузивни публикации кои презентираат научно верифицирани факти, за долгата историја на македонската борба за државност и самостојност. Во овој контекст би сакала да ве информирам дека со денешната промоција на последните три дела завршува првиот проект со 22 публикации, рече Канческа-Милевска.
Промовирани беа и три нови наслови од вториот дел на оваа едиција, во кој ќе бидат содржани нови 50 изданија од документарните филмови на Македонската радио телевизија.
На македонската јавност досега и се достапни изданијата „Еден век прогонство“, „Жртви на комунистичкиот режим“, „Павел Шатев“, „Тодор Александров“, „Христо Татарчев“, „Кузман Јосифовски–Питу“, „Јане Сандански“, „Методија Шаторов-Шарло“, „Македонска борба за слобода (4 тома)“, „Васил Чакаларов“, „Ристо Шишков“, „Балканските војни“, „Гоце Делчев“, „Тодор Александров-дводецениски водач на ВМРО“, „Македонија од почетокот до крајот на 19 век (6 тома)“, „Цар Самоил“, „Букурешки мировен договор“, „ВМРО (2 тома)“, „Тито и македонското прашање“, „Првиот президиум на АСНОМ“, „Атентати на ВМРО“ и „Македонска православна црква-Охридска архиепископија“.
Министерката за култура изрази голема благодарност до сите професори, историчари и проучувачи на македонската историја и експерти кои, како што рече, својот професионален ангажман го вложуваат во реализацијата на едицијата „Македонски искушенија“. Таа му се заблагодари и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за поддршката на сите иницијативи и проекти.
На промоцијата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, дел од главните и одговорни уредници и претставници од издавачката куќа и печатница „Арс ламина“, како и до издавачката куќа „Магор“ која го продолжува вториот дел од едицијата „Македонски искушенија“.
Еден од промоторите на книгите, професорот Никола Жежов потенцира дека едицијата „Македонски искушенија“ не се занимава со пишување нова историја.
– Нејзината тенденција е да ги потполни празните страници на македонската историја и на читателите да го претстави нашето историско минато, објективно, непристрасно и разбирливо, рече Жежов.Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата истакна дека оваа едиција има исклучително значење за збогатувањето на маке