Пронајден андроид малвер на Гугл Плеј, симнат над милион пати

Lookout на нивниот блог објавија известување за Андроид корисниците преку кое ги известваат за новата фамилија на малвери, наречена BadNews и која демне од Гугл Плеј Стор.
Според статистиките на Гугл Плеј, малверот има околу милион симнувања и може да се најде во 32 апликации на 4 различни девелопер акаунти.
Марк Роџерс кој е principal security researcher во Lookout на блогот напишал: „Ги известивме Гугл при што веднаш ги отстранија сите апликации и ги суспендираа поврзаните акаунти, преземајќи понатамошна истрага.“
Андроид малверот се претставува како реклама, со можност за „праќање лажни пораки за вести, бара од корисниците да инсталираат апликација и испраќа осетливи информации како телефонски број и ID на уредот до неговиот команден сервер (C&C – command and control server)“ стои во известувањето од Lookout.
Околу половина од заразените апликации се на руски јазик и BadNews е забележан како испраќа AlphaSMS, руски сервис за праќање СМС, до инфицираните уреди.
Серверите се забележани во Русија, Украина и еден во Германија. Lookout ги советува Андроид корисниците да се осигураат дека системското подесување 'unknown sources' не е означено, за да се спречи drive-by-download инсталирање на апликации како и да си инсталираат апликација за безбедност.
Во неодамнешниот годишен извештај, објавен од страна на компанијата за мобилна безбедност NQ Mobile, се наведува дека бројот на Андроид малверите е повеќе од удвоен со инфицирани 33 милиони уреди, во споредба со 11 милиони во 2011 година. 
Извор: LookoutLookout на нивниот блог објавија известување за Андроид корисниците преку кое ги известваат за новата фамилија на малв

Пронајдете не на следниве мрежи: