Пронајден череп стар 15.000 години кој не му припаѓа на човечкиот род!

Научниците заклучија дека черепот на „хобитот“, пронајден на индонезиски остров во 2004 година, воопшто не е во сродство со луѓето.Експертите пред 13 години пронајдоа остатоци од девет човеколики суштества на островот Флорес.
Тие суштества биле наречени Хомо флоресиенсис или „хобити“.
Меѓутоа, сега е докажано дека тие воопшто не му припаѓаат на семејството Хомо.
Се претпоставувало дека овие мистериозни суштества им се предци на луѓето кои живееле пред 15.000 години, но сега е докажано дека тоа не е точно.
Според друга теорија, се мислело дека тие се луѓето коишто го населиле островот, а потоа се смалиле во рок од неколку генерации поради помалото количество на храна на изолираниот остров, слично на процесот на „островска џуџестост“ што се јавува кај животните.

Водечкиот автор на студијата, Антоан Балзо, кој е научник од францускиот Музеј за природна историја, изјави дека тој и неговиот тим проучувале череп на еден од хобитите кој бил висок само еден метар и тежел 25 килограми.
Тој изјавил дека постојат многу информации во коските од черепот, но дека нема доволно информации за да се заклучи на кој вид му припаѓало суштеството.
Во секој случај, Балзо рекол дека черепот дефинитивно нема карактеристики слични на човечкиот род.Експертите пред 13 години пронајдоа остатоци од девет човеколики суштества на островот Флорес.
Тие суштества биле наречени Хомо флоресиенси

Пронајдете не на следниве мрежи: