Пронајден е автомобилот кој го користеле убијците на Немцов

Автомобилот во кој се превезувале убијците на рускиот опозиционер Борис Немцов е пронајден од страна на полицијата, пренесува Раша тудеј.Истиот бил пронајден недалеку од местото каде е убиен Немцов, а во моментов полицијата го пребарува. А станува збор за автомобил „лада приора“, со регистарски таблички од Ингушетија, руска република во Северен Кавказ.Истражните органи сметаат дека убиецот бил професионалец и дека бил запознаен со движењето на рускиот опозиционер.
Немцов беше застрелан кусо пред полноќ на Големиот Мосворечки мост покрај ѕидините на Кремљ и Црвениот плоштад со неколку куршуми од бел автомобил во движење. Четири куршуми завршиле во грбот на политичарот, кој бил во прошетка со својата пријателка. Тој починал на лице место.Истиот бил пронајден недалеку од местото каде е убиен Немцов, а во моментов полицијата го пребарува. А станува збор за автомобил „лада приора

Пронајдете не на следниве мрежи: