Пронајден е лек за регенерација на срцето

Како што знаете, постојат животни кои имаат моќ на регенерација и се во состојба да поправат, па дури и да ги заменат оштетените или изгубените делови на телото. Кај човекот – иако постои генетски потенцијал за сличен механизам, голем дел од регенеративните гени се успоруваат по раѓањето и на крај се гасат, кога веќе се формирани сите делови на телото.Детскиот организам сѐ уште има способност брзо да закрепне, па кога децата ќе се повредат, нивните рани многу побрзо зацелуваат. Затоа, научниците се запрашале дали би можеле повторно да се активираат тие заспани гени и да се употребат за лекување не само на повреди, туку и на срцевите заболувања.
Хуан Карлос Изписуа од Институтот Салк, со децении работеше на тоа да ги открие молекуларните механизми кои се неопходни за регенерација на оштетените клетки на срцето, а сега неговиот тим конечно успеа во тоа. Екпериментот над лабораториските глувци се покажал како успешен.
Меѓутоа, се очекува дека истиот принцип наскоро би можел да се примени во пронаоѓањето на нови терапии за лекување на кардиолошките проблеми на пациентите.
– Регенерацијата на органите претставува еден фасцинантен феномен, кој изгледа ги повторува истите процеси кои се случуваат за време на развојот во матката. И покрај нашите сознанија за ембриогенезата и процесите на развој, механизмите кои кај возрасните цицачи ја спречуваат регенерацијата на ткивото, сѐ досега ни беа недостижни – изјави Белмонте за списанието „Stem Cells“.
Неговиот тим уште пред десетина години откри дека постои одреден сигнален пат кој ѝ претходи на регенерацијата на срцевото ткиво, а сега пронајдоа и механизам кој може да ги запре молекулите кои го кочат (само)обновувањето на ткивото по срцевиот удар.
Според резултатите од експериментите врз глувите кои доживеале инфаркт, закрепнувањето на срцето било далеку побрзо со новата терапија, а лузните на срцето со тек на времето станувале сѐ помалку видливи. Животниот век на животните исто така бил продолжен.
Ова дава надеж дека лекарите во иднина навистина ќе можат да го залечат срцето, па дури и тоа да треба повторно да заличи како ново.Детскиот организам сѐ уште има способност брзо да закрепне, па кога децата ќе се повредат, нивните рани многу побрзо зацелуваат. Затоа, научниците

Пронајдете не на следниве мрежи: