Данските истражувачи од Архуската Универзитетска болница, сметаат дека се на врвот на револуционерен пресврт за терапијата на ХИВ, од која ќе можат да се излечат 33.000.000 инфицирани низ светот, според Daily Mail. Техниката која ја користат данските истражувачи која вклучува ослободување на ХИВ во ДНК, ја преместуваат кон површината на клетката. Откако вирусот ќе доспее на површината, природниот имунитет на телото предизвикан од страна на вакцината може да го убие вирусот. Сето ова, се разбира, зависи од имунитетот на човекот, велат експертите.
Вакцината е основа на обичната настинка на вирусот кој ХИВ гените ги “прошверцува” во телото и го активира имунитетот. Тековната терапија се применува на 15 пациенти заразени со ХИВ, и ако третманот се покаже успешен, ќе одат и екстензивно тестирање.
– Речиси сум сигурен дека ќе бидеме успешни и дека лекот ќе биде достапен за неколку месеци – вели водечкиот автор на студијата, д-р Оле Согард.
Веста за напредокот на данската вакцина за ХИВ доаѓа неколку дена откако американската влада престана со тестирањето на нивната експериментална вакцина, бидејќи тој независен извештај покажа дека таа не го намалува процентот на вирусот во крвта.Данските истражувачи од Архуската Универзитетска болница, сметаат дека се на врвот на револуционерен пресврт за терапи