Во 18 часот и 45 минути синоќа на месноста „Сеферов бунар“, поточно во непосредна близина на железничката пруга Кичево – Скопје, бил пронајден починат маж. Според податоците од полицијата се работи за 66-годишниот С.М. од Кичево, кој имал повреди на главата, и лежел во крв.Од разговорите кои полицијата ги направила со семејството на починатиот, било утврдено дека околу 12 часот излегол од дома и со себе понел рачна количка, рачна пила и секира, по што се упатил кон селото Трапчин Дол за да собира дрва. Во критичниот период на Железничката во Кичево пристигнал воз со товарни вагони кој заминал за Скопје.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Полицијата работи на случајот.Од разговорите кои полицијата ги направила со семејството на починатиот, било утврдено дека околу 12 часот излегол од дома и со себе понел рачна ко