Убиецот на пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ е идентификуван и полицијата знае кој на 2. април ја убил пејачката на насипот Црвенка во Борча.Како што српскиот премиер Александар Вучиќ изјави при гостување во РТС, полицијата успеа да го реши тој случај и наводно станува збор за подвоена личност која не е свесна дека го сторила злосторството.
По деноноќната истрага која траеше со месеци, инспекторите дошле до клучни сознанија во врска со убиството на пејачката.
„Станува збор за лице кое страда од еден од најтешките облици на нарушување на личноста. Имено, убиецот на Јелена е подвоена личност и тој е несвесен за направеното злосторство. Воопшто не се сеќава дека ја убил пејачката, па со самото тоа и не се сеќава како и зошто го сторил тоа“ – открива извор од истрагата.
Колку тоа лице е несвесно за злосторството, говори и фактот дека убиецот повеќе пати по убиството на Јелена се појавуваше во јавноста.
„Тој јавно се огласуваше за случајот и повеќе пати пред камерите зборуваше за нејзиното убиство. За убиството раскажуваше без грам каење, прашувајќи се кој би можел да изврши така гнасно убиство на млада пејачка и мајка на малолетно дете.“
Повеќе од 300 луѓе беа испрашани од страна на полицијата.
„Цело време се однесува дека нема врска со тоа, бидејќи е убеден дека тоа не го сторил. Полицајците беа шокирани, бидејќи долго во нашата пракса не е забележан ваков случај“ – открива извор од истрагата.
Српскиот премиер изјави дека полицијата знае кој е убиецот, но дека обвинителството не е задоволно со бројот на приложени докази.Како што српскиот премиер Александар Вучиќ изјави при гостување во РТС, полицијата успеа да го реши тој случај и наводно станува збор за подвоена л