Во гроб во Сибир, пронајдени се парчиња од накит, за кој се претпоставува дека се дел од „ѓерданот на Клеопатра“.
Но, археолозите по испитувањата, изјавија дека овие парчиња накит датираат уште од времето пред нејзиното постоење, што значи од времето на Александар Македонски.
Ѓерданот е пронајден околу вратот на жена, за која археолозите утврдиле дека починала пред 25 години, известува Курир. Оваа жена е ископана од гроб на планината Алтај на Сибир, за која се смета дека крие древни богатства.
Според руските археолози, овој ѓердан е составен од 17 топчиња со дијаметар од 2 до 2.5 сантиметри и претставува важен и уникатен примерок од историјата.
Во гроб во Сибир, пронајдени се парчиња од накит, за кој се претпоставува дека се дел од „ѓерданот на Клеопатра“.