Пронајден гробот на Ричард Трети

Англиските научници, при истражување на едно паркиралиште пронашле костур за кој се верува дека е на англискиот крал Ричард Трети. 
Според Ројтерс, гробот на познатиот англиски крал е пронајден под паркиралиште во градот Лестер. Ричард Трети починал во борба на Босворт во 1485-та година, а најмногу е познат по својата суровост и убиството на своите внуци. 
По завршувањето на војната, гробот на англискиот крал бил заборавен, па по некое време за него се погрижил тим од археолози и научници кои веруваат дека тој костур кој го пронашле е всушност на Ричард Трети. 
 
“Кога го пронајдовме овој костур, не верував дека се работи за него. Но, кога ги прегледавме коските, и најдовме лузни, нешто ми кажа дека тоа е токму Ричард Трети”, вели археологот Џо Апелби.
 Англиските научници, при истражување на едно паркиралиште пронашле костур за кој се верува дека е на англискиот крал

Пронајдете не на следниве мрежи: