Ноќва во 23.35 часот ПО Жеровјане пријавено е дека во сепарација за градежен материјал во близина на с.Волковија, под автомобил „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, имало лице во легната положба.Полициски службеници излегле на местото и константирале дека се работи за лицето М.Г. (66) од с.Брвеница, кој бил починат. Од извршен разговор со сопственикот на сепарацијата константирано е дека починатиот таму работел како чувар и можно е истиот да го поправал возилото, по што најверојатно возилото се спуштило надоле и го потиснало.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Од страна на лекар констатирана е смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Клинички центар Тетово за обдукција.Полициски службеници излегле на местото и константирале дека се работи за лицето М.Г. (66) од с.Брвеница, кој бил починат. Од извршен разговор со с