Во росоманското село Паликура вчера попладне е пронајдено починато 50 годишно лице во дворот од семејната куќа, потврди утрово Деjана Недељковиќ, од Секторот за односи со јавност и протокол при МВР.Како што информираше Недељковиќ, по наредба на јавен обвинител, а заради утврдување на причината за смртта, телото на лицето со иницијали Б.А. било дадено во Судска медицина за обдукција.
– Вчера околу 17 часот во полициската станица Кавадарци било пријавено дека во дворот на семејната куќа во селото Паликура било пронајдено починато лице. Смртта ја констатирал лекар од Здравствен дом Кавадарци, а според првичните информации, немало видливи траги на насилство. Сепак причината за смртта ќе ја покаже обдукцијата, нагласи Недељковиќ.
Увидна екипа на СВР Велес и јавен обвинител од Велес извршиле увид на лице место.Како што информираше Недељковиќ, по наредба на јавен обвинител, а заради утврдување на причината за смртта, телото на лицето со иницијали Б.А. било