Ветерани од советската интервенција во Авганистан успеале во покраината Херат да пронајдат свој соборец, кој пред 33 години бил ранет и заробен, пренесуваат руските медиуми.Војникот, кој по националност е Узбек, живее номадски живот и работи како тревар. Тој го променил своето име од Бахредин Накимов во Шеик Абдулах.Претседателот на одборот кој трага по преживеаните ветерани, Руслан Аушев изјави дека Абдулах бил ранет во 1980 година, само неколку месеци по почетокот на советската интервенција во Авганистан и дека локалното население го излечило од раните.Шеик Абдулах се оженил во Авганистан, но сопругата му починала, а со неа немал деца. Тој сеуште има лузни од раната на левото рамо. Рекол дека слабо го говори рускиот јазик и дека е родум од Самарканд, вториот по големина град во Узбекистан. Набројал и имиња на некои свои роднини, кои го препознале.Според одборот на ветерани, уште 264 војници се водат како исчезнати во Авганистан, од кои половината по националност се Руси. Досега биле пронајдени вкупно 29 исчезнати ветерани, од кои 22 се вратиле во Русија, а седум одлучиле да останат во Авганистан.Најмалку 15.000 советски војници и над милион Авганистанци загинаа за време на десет години долгата интервенција на советската армија (1979-89), која и даваше поддршка на владата во Кабул против група муџахедини, кои,пак, имаа поддршка од западните држави на чело со САД, како и од Пакистан и Саудиска Арабија.
МакфаксВетерани од советската интервенција во Авганистан успеале во покраината Херат да пронајдат свој соборец, кој пре