На многу луѓе им се познати штетните хемикалии кои се наоѓаат во производите за лична нега – како што се парабените кои се врз база на петролеј или натриум лаурил сулфатот. Меѓутоа, се уште постојат и други штетни хемикалии како што се кокамид ДЕА, која е дел од истакнатите брендови за лична нега, вклучувајќи ги и оние кои се продаваат под етикетата „природно“ и органски.Центарот за еколошко здравје го објави истражувањето на една независна студија која открила дека 98 тестирани шампони, сапуни и останати производи за лична нега, содржат високо ниво на хемикалијата кокамид диетаноламин (ДЕА), скриен агенс за создавање на пена и згуснување, кој е познат како канцероген.
Големите брендови, како што се „Колгејт Палмоливе“ и „Пол Мичел“, биле идентификувани во студијата како фабрички производи кои ја содржат токму оваа материја.
„Поголем број од луѓето веруваат дека производите кои се продаваат во големите центри се тестирани, но потрошувачите би требало да знаат дека можат да дојдат во допир со канцерогена материја секој пат кога се тушираат или си ставаат шампон“, вели Мајкл Грин, извршен претседател на Центарот за еколошко здравје.
Се очекува компаниите да преземат брзи чекори за да го спречат непотребниот ризик за здравјето на децата и семејствата ширум светот.Центарот за еколошко здравје го објави истражувањето на една независна студија која открила дека 98 тестирани шампони, сапуни и останати производи



