Пронајдени 14 мигранти во автомобил кај Удово

На бензинска пумпа кај село Удово, вчера во 05.00 часот полициски службеници од Полициска станица Валандово пронашле патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки  со 14 лица мигранти  од Пакистан, без возач.По извршениот увид на местото, во 06.00 часот возилото и мигрантите биле превземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин „Богородица“.
За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки возилото било задржано во Полициска станица за Граничен премин „Богородица“, а лицата биле предадени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Инаку, на возилото имало регистарски таблици од товарно возило „Застава“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 По извршениот увид на местото, во 06.00 часот возилото и мигрантите биле превземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен

Пронајдете не на следниве мрежи: