Пронајдени ДОКАЗИ: професорите барале од 500 до 100 евра мито за положен испит!

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал од 2014 година координиран од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по претходно добиени информации и пријави од оштетени граѓани, студенти, отпочна со истражување на коруптивни дела сторени од страна на универзитетски професори од економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на начин што директно или индиректно барале или примале поткуп со цел студентите да ги положат испитите по предметите кои ги предавале професорите.На прес конференција која денес ја одржа министерот за внатрешни работи Митко Чавков, беа објавени детали за акцијата, како и начинот на којшто се извршувале кривичните дела.
-До Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против 8 лица на возраст од 29 до 65 години, од кои шестмина професори на економскиот факултет во Скопје, еден демонстратор и сопственик на правен субјект со подружница регистрирана со седиште економски факултет Скопје. Тие се товарат дека сториле повеќе коруптивни кривични дела како примање на поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање поткуп. Според досега примените сознанија, пријавените во текот на 2015 и 2016 година заради стекнување со противправна имотна корист ја искористиле својата служена положба на начин што од студентите од економскиот факултет во Скопје директно или индиректно барале парични средства за во рамките на своите службени овластувања извршат дејствија што не би смееле да ги извршат, односно да им овозможат на истите да се стекнат со преодна оценка по предметите кои тие ги предавале без притоа студентите да покажат соодветно знаење, изјави Чавков.
Министерот потенцираше дека осомничените во случаите за кои се обезбедени докази барале различни суми од студентите, кои се движеле од 500 до 1000 евра. За сметка на добиените пари тие им пишувале преодни оценки кои не ги заслужувале, а документирани се случаи каде оценка добиле студенти кои немале право да полагаат или, пак, воопшто не го пријавиле испитот во испитната сесија.
Во некои од случаите шемата била разработена така што сопственикот на бифето поткупот во вид на парични средства го земал директно од студентите, а потоа го предавал на асистентот, за истиот да ги даде на професорите со цел тие во индексите на студентите да пишат преодна оценка 6 за предметите кои ги предаваат, и покрај тоа што истите не го поседуваат потребното знаење за положување на испитот.
-Станува збор за следните предмети на економскиот факултет во Скопје за кои имаме документирано сознанија дека во одредени случаи биле пишувани оценки на начинот кој веќе го опишавме. Основи на економија и основи на сметководство, математика за економисти, статистика за бизнис и економија, економика на претпријатија и предметот менаџмент на мали бизниси. Врз основа на издадени наредби од судија на претходна постапка за претрес на дом и други простории беа извршени 13 претреси од кои 7 во домовите, 4 во професорските кабинети и просториите на правниот субјект и студентските прашања при економскиот факултет во Скопје. При претресот кај еден од осомничените во возилото кое го управувал пронајдени се парични средства во износ од 1000 евра и тоа 16 банкноти во апоени од 50 евра, како и две банкноти во апоени од 100 евра, кои се предмет на кривично дело. Кај друг професор пронајден е и одземен телефонски апарат „ајфон 6“, предмет на кривично дело, а во неговиот кабинет пронајдени се и одземени 4 индекси сопственост на студенти на економскиот факултет. Во домот на друг осомничен е пронајден еден индекс. Во бифето пронајдени се две пријави за испит, а во студентски прашања одземени се 17 досиеја на студенти, најчесто од првата студиска година. Исто така при претресите пронајден е нотес во кој се содржани податоци од студенти, матични броеви и слично, потенцираше Чавков.
Од вкупно осум пријавени, пет лица се приведени и задржани во ПС Кисела Вода до понатамошни насоки дадени од страна на Јавен Обвинител при ОЈО за ГОКК, а пак за лицата Т. Ф., С.Д. и Љ.Ј. од страна на ЈО изготвени се покани за разговор и на ден 07.06.2016 година истите ќе им бидат предадени.На прес конференција која денес ја одржа министерот за внатрешни работи Митко Чавков, беа објавени детали за акцијата, како и начинот на којшто се

Пронајдете не на следниве мрежи: