Пронајдени машки и женски труп во Прилеп!

Два трупа, машки и женски, беа пронајдени попладне на две различни локации во Прилеп.Машкиот труп целосно распаднат е пронајден околу 16 часот покрај Градска река, до оградата од гаражите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кон периферијата на Прилеп.
Јавниот обвинител Дамчо Кочоски, вели дека го пронашле луѓе кои собираат пластика.
– Машкиот труп е целосно распаднат, останати се само коските. Ниту се знае идентитетот, ниту на која возарст е, а не се знае ни колку време е мртов. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта, вели Кочоски.
Попладне на друга локација во градот е пронајдена мртва жена во куќа на улицата „Александар Македонски“ бр. 171.
Според јавниот обвинител Лидија Фалатоска Илиоска, станува збор за жена со иницијали Л.Ј. на возраст од 64 години.
– Не се знае колку време жената е мртва, ниту причините за смртта. Таа живеела сама во куќата. Обдукцијата треба да ги открие причините за смртта, вели Фалатоска Илиоска.Машкиот труп целосно распаднат е пронајден околу 16 часот покрај Градска река, до оградата од гаражите на Јавното комунално претпријатие „Ком

Пронајдете не на следниве мрежи: