среда, 25 ноември 2026
Најново

Пронајдени нови траги од малезискиот авион

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Два пронајдени предмети во јужниот дел од Индискиот океан може да бидат делови од малезискиот авион исчезнат пред 12 дена, изјави во четвртокот малезискиот министер за сообраќај. Претходно Австралија испратила известување до малезиските власти дека биле забележани предмети.
– Можеме да потврдиме дека имаме нова трага, изјавил министерот пред новинарите во Куала Лумпур.

Претседателот на австралиската влада Тони Абот изјави дека на сателитски слики се пронајдени два предмети кои би можеле да бидат поврзани со авионот на Малезија Ерлајнс кој исчезна на 8 март. Абот веднаш го известил малезискиот колега Наџиба Разак.
– Се појави нова и веродостојна информација поврзана со потрагата.. во јужниот дел на Индискиот океан. Австралиската управа за поморска безбедност добила информација дека на врз основа на сателитски снимки кои би можеле да бидат поврзани со потрага, изјави Абот пред австралискиот парламент. 
Претходно Австралија испратила известување до малезиските власти дека биле забележани предмети.
– Можеме да потврдиме дека имаме нова трага

Поврзани вести